Оддeление _8_
Предвидено време_1 час_, Содржина_ Нуклеарна енергија, Нуклеарна централа Тема:
Атомска физика, Наставник: Славица Карбева
|
|
На вестите постојано се зборува за изградбата на Нуклеарните централи во Белане- Бугарија и Албанија. Тие како први соседи ни нудат можност да ја снабдуваат нашава држава со енергија. И тоа нуклеарна енергија, која во оваа енергетска криза е многу потребна.
Но разбрав дека и ние во
Македонија имаме шанси да понудиме
нешто многу вредно за добивање на нуклеарна енергија – неутиното од Алшар.
Истражував и открив дека Алшар е рудник кој
се наоѓа во Mариовско на планината Кожув, рудник којшто е единственото место на
планетава каде што е пронајден минералот лорандит, минерал со својство да го
задржува неутриното, честица којашто ништо друго во оној за нас познат
универзум не може да ја задржи, освен лорандитот.
Ајде да откриеме
заедно за каква мистерија станува збор ?
|
|
ЗАДАЧИ
|
|
|
|
РЕСУРСИ
|
|
Учебник по физика
за 8 одд.
|
|
|
|
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
|
-
Преку овој WebQuest ќе стекнете знаења за начинот
на добивање на Нуклеарната енергија во Нуклеарните централи. Ќе ве поттикне критички
да размислувате за депонирањето на нуклеарниот отпад и ќе го откриете
значењето на неутриното за нашата држава.
Притоа, ќе можете да ги искористите можностите на Writer за да ја уредите брошурата во која ќе ги сместите сите потребни податоци и да ја испечатите
истата.
|
|
Оддeление _7_
Предвидено време_1 час_,
Содржина_ Температура, мерење на температурата, Тема: Внатрешна енергија, Наставник: Славица Карбева
|
Денес добивме писмо од Хидрометеоролошкиот завод, во кое тие ни соопштија дека сакаат во нашето училиште да постават станица за мерење на температурата. Всушност прават избор во кое од училиштата од овој регион да го направат тоа.
Тие сакаат да ја
постават во училиште за да можат да Ве ангажираат Вас учениците да се грижите за неа и за се што е поврзано
со вчитувањето на измерените податоци.
За возврат тие
се спремни да Ви помогнат со вашата најприоритетна потреба во училиштето која
до сега не сте можеле да ја
реализирате.
За да можат да
го направат изборот на училиштето, тие до нас како и до другите училишта од
регионов испратија предизвик-задача, преку која ќе ги увидат вашите познавања
за мерењето на температурата.
И уште ни
порачаа дека веруваат дека во нашето училиште учат ученици кои се способни да
одговорат на предизвикот.
Ајде да им
покажеме дека биле во право!
|
ЗАДАЧИ
|
1.
За да
можете да ја мерите температурата,
потребно е точно да ја одредите единицата мерка во која ја мериме ние во
секојдневниот живот?
2.
Побарајте информации и за единицата мерка која е наведена во SI системот , како втора единица
мерка, во која се мери
температурата, и откријте ја
релацијата помеѓу овие две единици мерки ?
3.
Објаснете
ја градбата на термометарот, а потоа со негова помош измерете ја температурата
на водата од чешма;
4.
Со помош на топломер измерете ја сопствената температура;
5. Од добиените податоци составете табела во која внесените температури од степени Целзиусови ќе ги
претворите во Келвини;
6. Најдете ја прогнозата за температурите кои ќе
следат во текот на утрешниот ден? Какво време не очекува?
|
РЕСУРСИ
|
Учебник
по физика за седмо одделение
Топломер
термометар
|
ПРОЦЕС
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
- Преку овој Webquest ќе
можете практично да мерите температура на тела со термометар и ќе стекнете знаења како измерената
температура од степени Целзиусови да ја претворите во Келвини и обратно. Ќе ја определите временската прогноза за
еден ден, а истата локација можете да ја користите секојдневно во проверката
на времето пред планираните активности.
|
No comments:
Post a Comment