Оддeление _6_ Предвидено време_1 час_, Содржина_ Аритметичка средина и
Ранг на податоци, Тема: Работа со
податоци, Предмет: Математика, Наставник: Славица Карбева
|
Нашата македонската кошаркарска репрезентација обезбеди место на завршницата на ЕП во Полска 2009 година како победник во својата група и овој успех на македонските кошаркари може со право да влезе во современата историја на македонскиот спорт.
Имено, за првпат во историјата на самостојна
Македонија (на репрезентативен кошаркарски план се натпреваруваме од 1993
година), нашата репрезентација завршува на 1 место во групата на крајот на
едни елитни европски квалификации. Покрај тоа, нашите кошаркари, се првата
машка сениорска репрезентација, во кој било спорт, која по вторпат ќе настапи
на едно ЕП.
Македонија е победник во групата B, но колкави се нашите
шанси со победниците од другите групи?
Дали можат нашите Стефанов, Илиевски, Гечевски да им се спротивстават?
Дознајте и како може да добиете
оригинален дрес на кошаркарската репрезентација на Македонија.
|
ЗАДАЧИ
|
|
РЕСУРСИ
|
ПРОЦЕС
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
-
Преку овој WebQuest ќе се оспособите да
идентификувате податоци од табела, да одредувате аритметичка средина и ранг
на податоци и истите да ги претставувате графички преку столбест дијаграм.
Притоа ќе можете да ги искористите можностите на Calc за да ја дадете прогнозата за нашата екипа.
|
Оддeление _5_
Предвидено време__1 час_ Содржина_
Прости и сложени броеви
Тема: Природни броеви, Предмет: Математика, Наставник: Славица Карбева |
Пред извесно време еден ученик на часот по математика ме праша кои биле тие ПРОСТИ БРОЕВИ, што ги сретнал во некоја задача. Меѓутоа пред да успеам да му одговорам, друг ученик му се изнасмеа со зборовите: Де бре, простите броеви да не ги знаеш?
Кога го прашав - А кој се простите броеви?
Ми одговори како од пушка: па
се знае 1,2,3,4 5,6,7,8 и 9.
Ајде да откриеме дали тој бил
во право и дали со право му се изнасмеал на својот соученик или пак сите ние
треба да му се изнасмееме нему?
|
ЗАДАЧИ
|
( види во учебникот) се додека не дојдеш до 1.
|
РЕСУРСИ
|
учебник
по математика за 5 одделение
|
ПРОЦЕС
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
-
По завршените задачи ќе умеете да ги разликувате простите од сложените
броеви и ќе ја научите постапка за одредување на простите броеви и разложување на природен број на прости множители. Ќе го
користите програмот Calc за полесно да ги воочите вашите
заклучоци и да одговорите на поставеното прашање.
|
No comments:
Post a Comment