Monday, October 24, 2011

МЛАДИ ДИЗАЈНЕРИ

Затоа што - Само детската фантазија е брза колку компјутерскиот развој


Имаш можност да дизајнираш нов и уникатен модел на компјутер.

- Наведи што може да направи твојот компјутер, а денешните модели не го можат тоа?


- смисли име за твојот модел
- определи за кого ќе биде наменет ?
- секако на крајот потпиши се како дизајнер.



Модел: АМОС
Дизајнер: Виктор Славевски

Наменет за: Луѓето кои не можат да се одделат од компјутерот
Карактеристики: Лесен и мал, џебен компјутер, со полукружен монитор и полукружна тастатура, чии звучници се вртат во сите правци и го насочуваат звукот.

Модел: Стредел
Дизајнер: Кристијан Пешов

Наменет за: Сите заинтересирани за компјутерите
Карактеристики: Компјутер со тридимензионална слика, на чиј десктоп папките ги отвораме со допир, заштитен е од оштетување при паѓање и ги чита сите видови на мемориски картички.


Модел: Филипс

Дизајнер: Теодора Лазова


Наменет за: Деца од 5 -10 години
Карактеристики: Гумиран компјутер кој лесно се затвора и трансформира во играчка- куќичка, при паѓање не може да се оштети, јачината на звукот ја регулира според јачината на нашиот глас, многу е евтин.

Модел: Пантхер


Дизајнер: Шемседије Јајова

Наменет за: Земјоделци
Карактеристики: Многу танок и лесен,со големина колку тетратка, се лепи капакот и е заштитен од земја, вода и сонце, не се оштетува при пад.


Модел: Тајгер



Дизајнер: Стефан Славевски

Наменет за: вработени во фирми
Карактеристики: Прима звучни наредби, има тастатура на допир и е многу лесен за носење и е многу евтин.



Модел: Ејпл








Дизајнер: Викторија Велковска

Наменет за:луѓе кои на работното место се пред компјутер
Карактеристики: По завршување на работата сите податоци се снимаат автоматски во глувчето, специјално дизајниран екран што не ги оштетува очите.



Модел: Леопард








Дизајнер: Тамара Костовска

Наменет за: семејна употреба
Карактеристики: Сите делови се безжични,мало преносливо куќиште, невидлива тастатура, многу евтин, екранот може да се издолжи од страните.



No comments: