Оддeление _6_ Предвидено време_2часа_, Содржина_ Градски и селски населби
Тема: Социо –
географски карактеристики на Р.Македонија, Наставник: Славица Карбева
|
Веројатноста да живеете во вашата
општина, од сите општини во Р.Македонија
е само 0,01. Веројатноста да сте родени во вашето родно
место, од сите градски и селски населби
во Р.Македонија е само 0,0005. Ако овие
веројатности се толку мали, тогаш замислете колку голема среќа (или несреќа)
е тоа што сте родени токму во вашето родно место и што живеете токму во
вашата општина.
Токму на оваа тема - Разликите помеѓу градот и селото,
наредната недела ќе се организира дебата на една од нашите локални телевизии.
Ние како училиште, јас како наставник по Географија и вие како ученици од 6
одделение сме поканети да учествуваме на неа.
Нашата задача е
јавно да ги искажеме нашите ставови за овие разлики, за предностите и
негативностите.
Еве како можеме да се подготвиме:
|
ЗАДАЧИ
|
|
РЕСУРСИ
|
Учебник по географија за 6 одд. (Населби во Р.Македонија)
географска карта на
Р.Македонија
|
ПРОЦЕС
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
-
Преку овој WebQuest ќе се оспособите да
ги одредите основните географски одлики на населбите во Р.Македонија и разликите
во функционалноста и физиономијата помеѓу градските и селските населби. Преку дебатата која ќе се организира ќе
имате можност да го развивате критичкото мислење, да го изложите и одбраните
својот став и да ги побиете другите
ставови со аргументи. Имате можност и да ја подобрите вештината на
презентирање со помош на претходно изработената Impress презентација.
|
Оддeление _7_ Предвидено време_1 час_, Содржина_ Италија
Тема: Географски преглед на региите и државите во Европа, Наставник: Славица Карбева
|
Ова лето еден од моите ученици беше на одмор во Охрид. Таму запозна
девојка од Италија. Продолжија да контактираат преку интернет. Таа постојано го
изненадуваше со работи кои ги дознавала за Македонија и со зборови на
македонски јазик. А тој во една прилика ја прашал во кој дел од Италија се
наоѓа Венецуела? Замислете!!!
По тоа, таа
заклучила дека тој воопшто не ја погледнал на картата Италија. Му се налутила што тој не знае ништо посебно за Италија, а
и не се интересира, ако не за друго барем за неа.
Еве веќе една
недела како не контактираат, а тој е скршен, не е присутен на часовите и е
отсутен. Ајде да му помогнеме да направи една презентација за Италија и да ја
изненади девојката со своите познавања за Италија!
Сето тоа во име
на љубовта!
|
ЗАДАЧИ
|
|
РЕСУРСИ
|
Карта на Европа
Учебник по географија за 7 одделение
|
ПРОЦЕС
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
-
Преку овој WebQuest ќе стекнете знаења за
местоположбата на Италија, нејзините основни државни обележја, нејзините
природно-географски карактеристики, стопанската развиеност и нејзиното
општествено-политичко уредување.
Ќе можете да дадете ваше
сопствено мислење за најатрактивните локации кои можат да се посетат во
Италија и секако да ја вложите вашата креативност во насока да се помогне на
соученик.
|
Оддeление _5_ Предвидено време_1час_ , Содржина_ Напоредници и
меридијани
Тема: Земјата во Сончевиот систем, Наставник: Славица Карбева |
Денес за малку ќе задоцнев за на работа. Вчера до доцна навечер прегледував писмени работи и утрово наместо да станам во 6 часот, јас едвај се освестив во 6 : 30 и незнам како стигнав до 7 часот на работа. Многу е тешко станувањето на сабајле. Во сето тоа брзање, човек да не задоцни е вистинска умешност.
А замислете имам пријател од Бугарија кој тргнува од дома во 8h, пристигнува на работа во 7:30h, а работи во нашата држава.
Е ,
да ми е мене така, нема никогаш да задоцнам, ќе стигнувам пред време.
Како е можно тоа?
Ајде да дознаеме!
|
ЗАДАЧИ
|
|
РЕСУРСИ
|
модел на глобус
индукционен глобус
географски атлас
учебник по географија
|
ПРОЦЕС
|
|
ЗАКЛУЧОК
|
-
Преку овој Webquest ќе стекнете знаења за означувањето на меридијаните и
напоредниците на Земјината топка и временските зони и ќе знаете да ги определите на географската
карта и географскиот глобус.
|