Tuesday, October 26, 2010

ПРОЕКТИ - ПЕП ПРЕДИЗВИЦИ

Следните теми се избраа за работа на проекти:

1. Штедливи сијалици
2. Чешма во трева
3. Мерна станица
4. Изработка на алманах



Tuesday, October 19, 2010

ПРОЕКТИ ОД ИНФОРМАТИКА

ПРОЕКТ 1: ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Да се изработи план на училиштето во кој ќе се претстави распоредот на просториите

УПАТСТВО ЗА РАБОТА: Потребно е да се направи скица на распоредот на просториите во училиштето, врз основа на која потоа ќе се нацрта планот на училиштето со помош на компјутерска програма. Сите простории да бидат означени со броеви на планот, а под него да стои името на соодветната просторија и слика од неа.

НАЧИН НА РАБОТА: Парови по случаен избор, избор на најдобар план, негово печатење и изложување во холот на училиштето.

НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ: Со помош на зададена чек листа

------------------------------------------------------------------------------------------------



ПРОЕКТ 2 : КАКО ГО КОРИСТИМЕ FACEBOOK ?

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Да се разгледаат можностите кои ги нуди социјалната мрежа фејсбук и да се истакнат начините на заштита.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА:
- Потребно е да се истакнат можностите кои ги нуди фејсбук во однос на отворање на профил, страна или група; можностите за прикачување на слики, документи и видеа.
и да се разгледаат
-Прилагодувањето на профилот и
-Подесувањето на приватноста на профилот.

НАЧИН НА РАБОТА: Работа во групи од по тројца ученици, за изработките користете Writer и испечатете го направеното.

НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ: Со помош на зададена чек листа.

Monday, October 18, 2010

за печатење

http://www.datafilehost.com/download-ea6f9780.html

Saturday, September 11, 2010

ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТИ

ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ФАЗИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ

1. Подреди ги по редослед од 1 до 7 фазите според кои се изработува проектот:

- Подготовка на план за истражување
- Собирање и обработка на податоците
- Презентирање на проектот
- Дефинирање на темата на проектот
- Подготовка за презентирање
- Оценување на проектот
- Формирање на тим

2. Предложи две теми кои би можел да ги работиш со својот тим


2. ИЗРАБОТКА НА ГРУПЕН ПЛАН ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

Во дадените формулари потребно е да се внесат:

Темата на проектот,
Целите,
Улогите на членовите на тимот,
Планираните активности,
Користените извори/ресурси,
Очекуваните тешкотии
и Забелешките.

потоа се изработува и детален план на активности.

3. ИЗРАБОТКА НА ИНДИВИДУАЛЕН ПЛАН ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

4. СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

Со помош на чек листата која ќе ја добиеш, оцени го презентирањето на твојот другар/ка и тоа според начинот на неговото Невербално и Вербално комуницирање, со означување на само едно од полињата да, не, донекаде и забелешки доколку има потреба.

Tuesday, March 2, 2010

2.FLASH____________ .fla, .swf

II. ДОДАВАЊЕ НА СЛИКИ И ТЕКСТ

1. АЛАТКИ ЗА ЦРТАЊЕ

по цртањето Edit/Select All, Edit/Clear.


-Изборот на боја: RGB, #FF6800, Eyedropper, No Color

Разлика помеѓу боја на контура и боја на внатрешност.


2. ЦРТАЊЕ НА ОСНОВНИ ОБЛИЦИ

Вклучување на лењирите и поставување на водилките

View/Rulers
View/ Guides/ Edit Guides/ Snap to Guides



3. МОДИФИЦИРАЊЕ НА КОНТУРИТЕ И ВНАТРЕШНОСТА

СЕЛЕКТИРАЊЕ

Ако еднаш се притисне контурата, се избира само еден нејзин дел
кога двапати се притисне контурата, се избира цела контура
кога двапати ќе се притисне во внатрешноста тогаш се избираат и контурата и внатрешноста заедно.


4. ГРУПИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИ

Edit/ Select All

Modify / Group


5. УПОТРЕБА НА СЛОЕВИ

именување
заклучување
прикажување




ВЕЖБИ:

1. Поставете горна водилка на ознаката на 15 пиксели.

Поставете уште три водилки на растојание од долната, десната и левата ивица, а потоа заклучете ги преку View/ Guides/ Lock Guides.

2. Помеѓу водилките нацртајте правоаголник со следните параметри:

Боја на контурата- #FF6600
стил на контурата- Solid
debelina na konturata - 2
Боја на внатрешноста-#FFFFFF
заоблување - 50

3. Променете ја бојата на правоаголникот во #600000, и стилот на контурата со точки

4. Поставете водилка на 25 пиксели од дното

5. Нацртајте нов правоаголник од почетокот до новата водилка со параметри :

Боја на контурата- #FF6600
стил на контурата- со точки
debelina na konturata - 2
Боја на внатрешноста-#FF9933
заоблување - 50

6. Нацртајте уште три водилки на по 20 пиксели од врвот , десната и левата ивица и уште една на 60 пиксели од дното.

7.Со новите водилки нацртај нов правоаголник со параметри:

Боја на контурата- #FF6600
стил на контурата- со точки
debelina na konturata - 2
Боја на внатрешноста-#FFFFFF
заоблување - 50

8. Групирајте ги сите форми на цртежот

9. Нацртај правоаголник со параметри

Боја на контурата- #FF9933
стил на контурата- hAIRLINE
debelina na konturata -
Боја на внатрешноста-без боја
заоблување - 0
позиција:
W- 225
H- 115
X- 80
Y - 205

10. Дуплирај го правоаголникот и врз него примени смалување во висина 60%.и постави
за x- 335
y- 205

11. Во полињата додади текст, прегледај го филмот и сними го во твојата папка со името Background

FLASH____________ .fla, .swf

I- ОСНОВИ


1. ОСНОВНО ПОДЕСУВАЊЕ НА ПАРАМЕТРИ

Edit/ Preferences
Категории: General, Action Script, Auto Format, Clipboard, Drawing, Text, Warnings

2. РАБОТА СО ПАНЕЛИ

Контрола преку менито Window
Преместување и групирање на панелите
Зачувување на направениот распоред на панели: Window / Workspace Layout / Save Current

3. УПОТРЕБА НА КРАТЕНКИ

Edit / Keyboard Shortcuts

4. ПОДЕСУВАЊЕ НА СВОЈСТВАТА НА ДОКУМЕНТОТ
Properties

5. ТЕСТИРАЊЕ НА ФИЛМОТ
Control / Test Movie

ВЕЖБИ:

1. Креирајте сопствен директориум на Хард дискот (во делот D) кој ќе го именувате со вашето име и презиме и во кој ќе ги зачувувате сите потребни датотеки.

2. Во основните параметри на програмот подесете го нивото на враќање 50, вклучете го Shift Select, Тоoltips опцијата, Show pen preview, Connect lines- Normal и сите опции од Warnings картичката.

3. Во десниот дел на работниот прозорец постави ги панелите Color Mixer, Behaviors, Movie Explorer и Output и направениот распоред снимете го под името – proekt1.

4. Направете копија од кратенките од тастатурата со име Macromedia Standard Copy и во неа променете ја во групата Tools Panel кратенката за алатката Line од N во C.

5. Новоотворениот документ поставете го со димензии : 640 px x 480 px , со позадина # FFCO5

6. Тестирајте го направениот филм во работниот прозорец.