Monday, November 30, 2009

ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Најавена е поголема група на туристи, поточно две групи од по 20 луѓе од Барселона и Амстердам, кои треба да ја посетат Македонија оваа недела. Ти можеш да помогнеш во изборот на локации за посета и организирање на целото патување.

1. Пронајди го авионскиот распоред до Скопје и цената на билетот и направи пресметка во Excel за вкупното чинење на превозот за двете групи заедно, на еден работен лист.

2. Пронајди им хотел со 4 или 5 ѕвездички за двокреветни соби за 5 дена, направи пресметка за вкупното чинење на сместувањето за двете групи заедно, на вториот работен лист.

3. Направи им каталог за предлог места за посета, како Ворд документ од неколку страни, во кој ќе им предложиш тура за посета на 1 град, 1 езеро, 1 музеј, 1 село, 1 ловиште и една винарија, со нумерирање на страните.Направените каталози испрати ги до сите пријавени посетители.

4.Испрати е-картички до сите пријавени за патување.

5. Направи презентација за Охридското езеро, од 10 слајда во која ќе употребиш слики од езерото. Во неа вметни анимации и транзиција на слајдовите, на крајот презентацијата зачувај ја како шоу, и испрати ја до сите пријавени посетители.

6. Предложи 5 веб сајта, кои мислиш дека ќе допринесат за подобро запознавање со приликите во нашата држава.

Извори:
http://www.exploringmacedonia.com/
http://www.ohrid.gov.mk/
http://www.google.com/
http://www.macedonialovesyou.com/