Monday, December 22, 2008

WEB QUEST- информатика


Оддeление _5_ Предвидено време_1час_, Содржина_ Користење на Образовен софтвер – Речник, Тема: Компјутери, Предмет : Информатика, Наставник: Славица Карбева
       
Многу скоро нашето училиште ќе добие нов веб сајт, преку кој ќе можеме да ги следиме  секојдневните случувања во него. Преку него ќе го претставиме училиштето и нашата работа, во пошироката околина во вистинско светло.
Со овој веб сајт планираме да учествуваме на натпреварот за избор на најдобар веб сајт на училиште. Сајтот веќе го изработува тим од стручни наставници и ученици, а еден од најважните критериуми за избор е  да биде на повеќе јазици. 
Затоа е потребно да се вклучите и Вие во преведувањето, за да се стаса на време и да се вклучат колку што може повеќе јазици освен македонски (ако не за повеќе, барем за насловната страна): АНГЛИСКИ, АЛБАНСКИ, ТУРСКИ, СРПСКИ, ГЕРМАНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ....
Вашите преводи веднаш испратете ги на nastavnik@gmail.com.
ЗАДАЧИ 
Немате познавање од овие јазици?
Нема проблем, следете ги упатствата и работата ќе биде завршена.

  1. Ваша задача ќе биде  да го преведете главното мени на сајтот на колку што можете повеќе јазици;
  2. Нашето главно мени е исто како и менито на сајтот  http://petarpoparsovbog.schools.edu.mk/
 , т.е.  е составено од зборовите:   ПОЧЕТОК, БАРАЈ, КОНТАКТ,  ЗА НАС, РЕСУРСИ, НАСТАВА, АКТИВНОСТИ , СОРАБОТКА, СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА, ЛОКАЛНА ЗАЕДНИЦА....;
  1. Преведете ги зборовите на еден од  јазиците со помош на веб речник и впишете ги во празен лист во Writer;
  2. Продолжете со преведување на следниот јазик и опфатете колку што може повеќе јазици;
  3. Завршениот превод споредете го меѓу себе и испратете го на nastavnik@gmail.com.
РЕСУРСИ (интернет страни, учебници и сл)



ПРОЦЕС

  1. Посетете го понудениот линк на училиштето за да го прегледатe главното мени, а потоа вклучете ги и понудените веб речници;
  2. Дознајте како се користат веб речниците и одберете го соодветниот јазик;
  3. Внимавајте на вклучената македонска поддршка за да преведете од македонски на друг јазик;
  4. Преведените зборови  со копирање пренесете ги во празниот Writer документ и организирајте ги на начин кој ќе дава прегледност за сите јазици посебно;
  5. Преведувањето ќе го организирате полесно ако внесениот збор во речникот го преведете на сите потребни јазици последователно, а дури потоа преминете на следниот збор;
  6. Испратете го напишаниот превод на nastavnik@gmail.com.
ЗАКЛУЧОК
-          Преку овој WebQuest ќе стекнете знаења  за правилно користење на речниците кои се поставени на веб  и нивната  употреба во секојдневната комуникација и  пребарувањето на интернет. Ќе го определите преводот на едно стандардно мени на училишен веб сајт на неколку странски јазици.    Ќе можете да ги користите  овие речници при секојдневната електронска комуникација.




Оддeление _5_  Предвидено време__1час_ , Содржина_ Веб термини
Тема: Интернет, Предмет: Информатика, Наставник: Славица Карбева
          
Денес во канцеларија им кажував виц на колегите и замислете никој не се насмеа.
Зарем кажувам толку лоши вицови ? Или нешто друг беше проблемот?
Потоа ми пријде еден од колегите и ми рече - Колешке добар ти беше вицот само следниот пат кажи го на македонски јазик.
А на кој јазик зборувам јас?
          После долго размислување сватив дека не бил проблемот вицот туку информатичките зборови што ги употребив во него. Заборавив дека оној кој не учел Информатика не го знае значењето и на основните Веб термини и не може во друштво да разговара на информатички теми.
      За да не ви се случи истото ајде уште денес да ги најдеме овие термини и да откриеме што значат !
ЗАДАЧИ
  1. Основните термини чие значење е потребно да го најдете се термините:  сајт, страница, адреса, публикување, хостирање, сурфање;
  2. Направете  табела со три колони во Calc, и во насловниот ред  вметнете ги последователно, кратенката за терминот, нејзиниот целосен назив  и објаснување на поимот што го означува;
  3. По желба може да додадете уште некој од веб термините: www, e-mail, http, IP, FTP, HTML, URL, DNS;
  4. Над изработената табела поставете наслов КОМПЈУТЕРСКИ РЕЧНИК НА ВЕБ ТЕРМИНИ.
РЕСУРСИ (интернет страни, учебници и сл)
Компјутерски речник





ПРОЦЕС

  1. Пребарајте ги посочените извори и ископирајте ги точните називи на кратенките;
  2. Пронајдете го значењето на дадените термини;
  3. Прилагодете ја ширината на секоја од колоните од табелата во која  ги внесувате податоците;
  4. Изработениот КОМПЈУТЕРСКИ РЕЧНИК НА ВЕБ ТЕРМИНИ  зачувајте го како veb_recnik;
  5. Испратете го на nastavnik@gmail.com, и споделете го со сите кои ќе имаат потреба од него.


.ЗАКЛУЧОК

-          Овој WebQuest ќе Ви овозможи да оперирате со основните веб термини. Преку него ќе го утврдите значењето на веб кратенките и ќе умеете да го објасните нивното значење. Притоа ќе се запознаете со новата програма Calc која ќе ја изучувате наредната учебна година, а во меѓувреме можете слободна да ја истражувате.
Со вашето заложување ќе ги направите овие термини подостапни за поголема популација и ќе допринесете за зголемување на  Информатичката писменост како во вашето училиште така и пошироко.




Оддeление _6_  Предвидено време_2_часа, Содржина_ Утврдување и систематизирање на знаењата за мултимедијални презентации, Тема: Програма за мултимедијални презентации, Предмет: Информатика, Наставник: Славица Карбева
           

Учениците од 5 одд. сакаат да учествуваат на меѓународен конкурс со изработен проект.
Меѓутоа условот за тоа е проектот да го претстават со помош на презентација. А тие до сега воопшто не отвориле програма за презентации, а камоли да направат сами. И во учебниците немаaт таква содржина. На кратко кажано немаат врска, а немаат ниту време да научат сами.

Во изминатите часови Вие работевте со програмата Impress, па можете да им бидете наставници, ама не обични, туку електронски наставници.
Можете да им изработите електронски материјал преку кој ќе им помогнете да научат да направат едноставна презентација и  да учествуваат на меѓународниот конкурс, па можеби ќе освојат и некоја награда за училиштето.

Тие чекаат на Вас!

ЗАДАЧИ
  1. Направете презентација која ќе ја започнете со името на програмата за презентации, нејзиното лого и примена;
  2. Почнете од основното, како на пример како да  додадат нов слајд во презентацијата и на кој начин да избришат постоечки слајд?
  3. Објаснете им како се избира распоредот на слајдот, неговиот дизајн и како се вметнуваат анимации?
  4. За да им го олесните движењето низ презентацијата, кажете им како се поставуваат хиперврски и акции помеѓу слајдовите?
  5. За да презентацијата биде поефективна, кажете им и како се вметнуваат звучни ефекти и музика?
  6. И на крај посочете им како се поставува временски параметар на презентацијата и како се активира завршената презентација ?

РЕСУРСИ


ПРОЦЕС

  1. Побарајте ги потребните информации во посочените извори;
  2. За секоја пронајдена информација за одделните задачи, изработете по еден слајд со помош на Impress програмата;
  3. Поставувајте целосни објаснувања на слајдовите, наменети за некој кој прв пат го вклучува Impress;
  4.  Изработената презентација зачувајте ја како Impresshelp во папка насловена како Pomosza5odd, во  My Documents.

ЗАКЛУЧОК

-          Преку овој WebQuest ќе ги утврдите вашите познавања за програмата Impress за изработка на мултимедијални презентации и  ќе се оспособите  за самостојно креирање, уредување и активирање на презентација.