Thursday, December 27, 2007

КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОГРАМИ

ТЕКСТУАЛЕН ПРОЦЕСОР

текст- Природни ресурси во општината
http://www.datafilehost.com/download-407c48ad.html


Потребно е документот ПРИРОДНИ РЕСУРСИ ВО ОПШТИНАТА да го форматирате на следниот начин:


1. Насловот да се постави со големина 20, сина боја и задебелен

2. Текстот да се постави со големина 11 и да се порамни од двете страни со проред 1,5

3. Да се вметнат двојни линии помеѓу - Хидрографија, Шуми, Минерални ресурси и Земјоделско земјиште за да се разграничат целините

4. Да се најде вкупниот број на употребени зборови во целиот документ

5. Во делот – шуми, годините на пошумување да се издвојат како набројувања означени со црно квадратче

6. Во првиот ред, означениот број 15 со црвено да се допише како степени целзиусови

7. Во делот Хидрографија бројот 688 000 да се означи како метри кубни

8. Да се исклучи црвеното подвлекување на зборовите

9. Истите податоци искористи ги, за да изработиш веднаш под нив табела во која ќе бидат во три колони прикажани податоците за: годината на садење, локацијата и насадената површина.

10. Во пасусот над минерални ресурси
"Сите овие површини се засадени со високо квалитетен сертифициран посадочен материјал. Пошумувањето се спроведува единствено преку донирање од институции кои активно работат на територијата на Велес: ЈП „Македонски шуми“, ЈКП „Дервен“ и Локалната Самоуправа."

Означи ги Македонски шуми и Дервен со фусноти, на кои ќе дадеш самостојно објаснување на дното на страната.

_____________________________________________________________

11. Нумерирај ги страните на документот, но да започнуваат од 2

12. Вметни заглавие (header), во кој ќе изработиш меморандум по твој избор

13. Сите маргини на листот да изнесуваат 2

14. Форматот на хартијата да биде А4

15. Означи ги сите главни наслови и изработи содржина на документот која ќе ја поставиш на неговиот почеток

16. Постави лозинка – desktop на документот

17. Зачувај го уште еднаш отворениот документ со помош на опцијата Save As само што сега ќе го зачуваш како шаблон, а не како обичен документ



ТАБЕЛАРЕН ПРЕСМЕТУВАЧ

материјал

http://www.datafilehost.com/download-feb8ec98.html

вежби

http://www.datafilehost.com/download-7aa536a3.html

проверка

http://www.datafilehost.com/download-203afea3.html

________________
ЗА ТЕТРА И МАСИВ
________________
Денес во 21:30 h потребно е да се испратат документите кои пристигнаа на Вашиот меил.

Меѓутоа потребно е да се направат некои дополнувања:

1. За текстот Market Summary:
- Насловната страна треба да го содржи насловот Market Summary со големина 40, сместен во долниот дел на листот, логото ТЕТРА да биде сместено во горниот десен дел на листот и на средина сликата од линкот http://www.pasminco.com.au/media/37471/market%20summary.gif
- Делот Communication Strategies постави го пред делот Positioning.
- Проредот на текстот да се зголеми на 1,5.
- Страните на документот да се нумерираат, т.ш. нумерирањето да започне од втората страна со број 1, а потоа на втората страна да се постави содржина на документот во која ќе бидат поставени насловите означени со сина боја.
- На последниот лист да се постави табела со 14 реда и две колони, т.ш. во првата колона ќе бидат вметнати сините наслови.
- Во подножјето на листот да се постави натпис : Market Summary,TETRA,DOOEL, Veles
- Готовиот документ треба да се испрати на мојот меил.

2. Потребно е да се доврши буџетот за проектот Масив,

- конкретно ставката Опрема и капитал и истата да се внесе во табелата за вкупните трошоци. ( со внесени проценти за финансирање од друг извор и сопственото финансирање).
- Да се изработи графикон преку кој ќе се прикажат споредбено вкупните трошоци за сите ставки во проектот.

3. Изработи пивот табела за податоците дадени во работниот лист Prodazba


Thursday, December 13, 2007

ИНТЕРНЕТ ТЕРМИНИ

Кои изрази ги означувааат следните кратенки

________________
WWW
________________
IP
________________
e-mail
________________
FTP
________________
http
________________
URL
________________
HTML
________________
DNS

____________________________________________________________________
ВО ПОТРАГА ПО ШАБЛОН ИЛИ ТУТОРИЈАЛ

Обиди се да пронајде готови шаблони на интернет или пак туторијали кои ќе ти помогнат да научиш да поставуваш нови елементи на веб страните.
Еве некои линкови кои можат да те упатат:


http://labs.adobe.com/technologies/spry/demos/gallery/
http://www.adobe.com/devnet/dreamweaver/
http://www.adobe.com/designcenter/dreamweaver/articles/drwcs3it_ciblesson10.html

____________________________________________________

1. ЗОШТО НИ СЕ ПОТРЕБНИ ФОРМУЛАРИТЕ?

Формуларите можеме да ги користиме за:
- собирање на информации како на пр. коментари
- нарачки
- комуникација со посетителите на нашиот сајт

2. ПРАВЕЊЕ НА ФОРМУЛАР

Вклучување на невидливите елементи
Edit/ Preferences/Invisible Elements/Form Delimiter
Или преку
View/ Visual Aids/ /Invisible Elements

Вклучување на алатките
Window/ Insert/ Forms

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФОРМУЛАР
Form name
Action
Method


3. ПОСТАВУВАЊЕ НА ТЕКСТУАЛНО ПОЛЕ
Text Field
Карактеристики на текстуално поле
- Char With
- Max Char
- Single line
- Multi line
- Password

4. ПОСТАВУВАЊЕ НА КОПЧЕ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ
-Radio Button
-Check Box
-Radio Group

5. ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИСТА и МЕНИ
-List/Menu

6. КОПЧЕ
-Button

7. Проверка на податоците од формуларот
-Validate Form

8. Примање на податоците од формуларот
-CGI скрипти
- Form Mail скрипти

_______________________________________________________



ДА ПОВТОРИМЕ


1. Провери колку е зафатнината на Хард дискот на твојот компјутер?

2. Ископирај текст од Интернет со големина од 1 страна во празен Ворд документ, а потоа уреди го:
- Исклучи ги граматичките проверки
- Извади ги сите линкови во текстот
- Постави го насловот со големина 16, центриран и болдиран, со сива боја
- текстот подели го во три параграфи, со големина 12, со проред 1,5.
- На почетокот на текстот постави сликичка
- На крајот на текстот постави табела со 2 колони и 3 реда
- Постави маргина 2,5, Футер со твоето име и нумерирај ја страната

3. Изработи пресметка за продажба на 3 производа во која ќе бидат вметнати единечната цена, количина, данок, вкупна цена, и на крај во духот на Новата година дадете попуст за сите производи.

4. Изработи презентација во која ќе го вметнеш претходниот текст и претходно направената пресметка

5. Изработените документи пратете ми ги е-маил

6. Пробај да симнеш бесплатна антивирусна програма од Интернет
на пр. AVG

______________________________________________________
ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Најавена е поголема група на туристи, поточно две групи од по 20 луѓе од Барселона и Амстердам, кои треба да ја посетат Македонија оваа недела. Ти можеш да помогнеш во изборот на локации за посета и организирање на целото патување.

1. Пронајди го авионскиот распоред до Скопје и цената на билетот и направи пресметка во Excel за вкупното чинење на превозот за двете групи заедно, на еден работен лист.

2. Пронајди им хотел со 4 или 5 ѕвездички за двокреветни соби за 5 дена, направи пресметка за вкупното чинење на сместувањето за двете групи заедно, на вториот работен лист.

3. Направи им каталог за предлог места за посета, како Ворд документ од неколку страни, во кој ќе им предложиш тура за посета на 1 град, 1 езеро, 1 музеј, 1 село, 1 ловиште и една винарија, со нумерирање на страните.Направените каталози испрати ги до сите пријавени посетители.

4.Испрати е-картички до сите пријавени за патување.

5. Направи презентација за Охридското езеро, од 10 слајда во која ќе употребиш слики од езерото. Во неа вметни анимации и транзиција на слајдовите, на крајот презентацијата зачувај ја како шоу, и испрати ја до сите пријавени посетители.

6. Предложи 5 веб сајта, кои мислиш дека ќе допринесат за подобро запознавање со приликите во нашата држава.

Извори:
http://www.exploringmacedonia.com/
http://www.ohrid.gov.mk/
http://www.google.com/

____________________________________

ПОСЕТИ ГИ ЛИНКОВИТЕ


http://www.datafilehost.com/download-59ae9bed.html


http://www.datafilehost.com/download-eeda4a13.html

http://www.datafilehost.com/download-ad1d2a4d.html

http://www.datafilehost.com/download-778d5650.html

http://www.datafilehost.com/download-6d6bbed4.html

http://www.datafilehost.com/download-269b733e.html

Saturday, November 17, 2007

Добредојдовте

1.ВОВЕД_______________________________________
Оваа недела по предметот Билогија во 5 одд. ќе се организира набљудување на примероци од растителни и животински клетки со помош на нов специјален микроскоп чиј приказ ќе се гледа на лцд проектор.Затоа е потрбно сите ученици кои сакаат да го испробаат овој микроскоп да направат ова истражување. 2.Задача_______________________________________
Најди слика за англискиот научник Роберт Хук кој ја открил клетката.
1.Пронајди слики на една растителна клетка
2.Пронајди слика на една животинска клетка
3.Најди текст за градба- основни делови на клетката
4. Кои примероци на растителни клетки, од растенија кои успеваат во твојот крај, можеш да ги набљудуваш под микроскоп

3.Извори_______________________________________
http://www.google.com/
http://www.wikipedia.org/

4.Oпис на процесот________________________________
-Истражи ги горните сајтови
-По пронаогање на потребните информации и слики уреди ги на една страна А4 формат која може да се објави во училишниот весник
- Преку ова истражување учениците ќе се мотивираа да соберат материјали кои ќе се набљудуваат на микроскоп, и да ги препознаат составните делови.

5.Заклучок________________________________________
Преку ова истражување учениците ќе научат да пронајдат слики и текстови од Интернет, кои ќе ги поврзат со стекнатите знаења и ќе се мотивираат за изработка на страна од училишниот весник и практично набљудување под микроскоп